Опис
Трпезариската столица Aurora со бука ногарки претставува модерен и елегантен избор за секоја трпезарија, дневна соба, ресторан или HoReCa простор. Со својот ергономски дизајн, удобен наслон и мек седиштен дел, столицата овозможува високо ниво на комфор и при подолго седење.
Ногарките се изработени од масивна бука, позната по својата стабилност, цврстина и долготрајност. Достапни се повеќе нијанси на дрво — од светли природни тонови, преку топли кафеави нијанси, па сè до темни венге тонови, овозможувајќи лесно комбинирање со различни стилови на ентериер и трпезариски маси.
Нашата нијанса „Бука 3“ често ја комбинираме со трпезариски маси со оревови ногарки, бидејќи создава топол и елегантен изглед кој совршено се вклопува во modern и contemporary ентериери.
Седишниот дел е обложен со мебел штоф по Ваш избор, достапен во различни бои и текстури за целосно прилагодување кон Вашиот простор.
Димензии:
- Ширина: 51 cm
- Длабочина: 58 cm
- Висина: 85 cm
- Висина на седиште: 49 cm
- Тежина: 7 kg
Ознаки: аурора, дрвени ногарки, ергономска столица, кафе бар столица, модерна столица, ресторанска столица, столица со раконаслон, трпезариска столица






















