Опис
Трпезариската столица Francesca со бука ногарки претставува совршен баланс помеѓу модерен дизајн, удобност и функционалност. Нејзината препознатлива полукружна форма со отворен дел на наслонот, анатомско седење и интегрирани раконаслони овозможуваат високо ниво на удобност и елегантен изглед во секој ентериер.
Ногарките се изработени од масивна бука, позната по својата цврстина, стабилност и долготрајност. Достапни се повеќе нијанси на дрво — од светли природни тонови, преку топли кафеави нијанси, па сè до темни венге тонови, со цел столицата лесно да се вклопи со различни стилови на трпезариски маси и ентериери.
Нашата нијанса „Бука 3“ често ја комбинираме со трпезариски маси со оревови ногарки, бидејќи визуелно создава топол и елегантен контраст кој одлично се вклопува во modern и contemporary ентериери.
Седишниот дел е обложен со мебел штоф по Ваш избор, овозможувајќи дополнителна персонализација според Вашиот простор и стил.
Димензии:
- Ширина: 56 cm
- Длабочина: 61 cm
- Висина: 87 cm
- Тежина: 8.6 kg
Ознаки: дрвени ногарки, ергономска столица, кафе бар столица, модерна столица, ресторанска столица, столица со раконаслон, трпезариска столица, франческа

















