Опис
Трпезариската столица Селине со букови ногарки претставува елегантен спој на природна дрвена конструкција, удобност и современ дизајн. Инспирирана од препознатливата ергономија на моделот Алексис, Селине носи нова, потопла визуелна естетика преку своите дрвени ногарки кои континуирано се протегаат по задниот дел на столицата и создаваат стабилна, цврста и хармонична форма.
Грбот и седиштето се внимателно обликувани за да обезбедат удобна потпора при секојдневна употреба, додека тапецирањето во висококвалитетен мебел штоф ѝ дава мекост, префинет изглед и пријатно чувство на допир. Благодарение на својот балансиран дизајн, Селине лесно се вклопува во модерни, класични и топли природни ентериери.
Буковите ногарки може да се изработат во повеќе нијанси од нашата палета. Нијансата бука 3 е особено погодна за комбинирање со трпезариски маси од орев од нашата понуда, создавајќи складен и елегантен изглед во просторот. Во палетата на бука влегува и широк спектар на кафеави нијанси, како и венге или темно црна нијанса, каде што и понатаму остануваат видливи природните годови на буковото дрво.
Со трпезариската столица Селине добивате удобност, стабилност и можност за целосно прилагодување според вашиот ентериер и трпезариска маса.
Димензии:
Ширина: 55 см
Висина: 86 см
Должина: 65 см
Висина на седло: 49 см











