* Free delivery for orders over $100.

Wishlist

Барска столица Celine со даб ногарки

Original price was: 13,930 ден.Current price is: 11,840 ден.-15% попуст

Бесплатна достава до пред влез за 30 дена.

SHARE

Опис

Познатиот комфор на Celine добива ново место – покрај кујнскиот остров. Со елегантна форма, мека тапацирана седалка и масивни даб ногарки, оваа барска столица внесува топлина и карактер во просторот. Идеална за утринско кафе, брз оброк или долги разговори што траат до доцна.

Дизајнирана за кујнски остров

Моделот е наменет за кујнски остров или бар пулт со висина од 90 см. Висината на седиштето од 63 см овозможува природна, удобна положба при седење, а компактните димензии ја прават погодна и за помали кујни.

Прилагодете ја по ваш вкус

Барската столица Celine се изработува по нарачка. Изберете ја посакуваната нијанса на даб за ногарките и мебел штоф од нашата понуда, за да ја усогласите со останатиот ентериер – од светли скандинавски до топли класични простории.

Поврзан изглед меѓу кујна и трпезарија

Во комбинација со трпезариските столици Celine, барската столица создава единствена визуелна линија низ целиот open space – кујната и трпезаријата стануваат една целина.

Димензии:
– Висина: 95 см
– Ширина: 52 см
– Длабочина: 55 см
– Висина на седиштето: 63 см
– Длабочина на седиштето: 47 см

Материјали: масивен даб, мебел штоф по избор
Намена: кујнски остров / бар пулт со висина 90 см

Counter chairs Celine with oak wood and beige upholstery, on kitchen counter.

 

барска столица со дрвени ногарки

 

тапацирана барска столица за кујнски остров

КОШНИЦА 0
Додадено во листата на желби