Барска столица Celine со бука ногарки
10,870 ден Original price was: 10,870 ден.9,239 денCurrent price is: 9,239 ден.-15% попуст
Бесплатна достава до пред влез за 30 дена.
Опис
Познатиот комфор на Celine добива ново место покрај кујнскиот остров. Елегантната форма, тапацираното седиште и ногарките од масивна бука создаваат топол изглед и удобно место за секојдневно седење.
Дизајнирана за кујнски остров
Барската столица е наменета за кујнски остров со висина од 90 см. Седиштето е високо 63 см, а компактните димензии овозможуваат лесно да се вклопи и во помала кујна.
Прилагодете ја по Ваш вкус
Изберете боја за буковите ногарки и мебел штоф од нашата понуда. Комбинирајте ја со трпезариските столици Celine за усогласен изглед на кујната и трпезаријата.
Димензии:
- Висина: 95 см
- Ширина: 52 см
- Длабочина: 55 см
- Висина на седиштето: 63 см
- Длабочина на седиштето: 47 см
Материјали: масивна бука, мебел штоф по избор
Намена: кујнски остров со висина од 90 см








