* Free delivery for orders over $100.

Магазин

Топ 5 причини зошто Sfera трпезариска маса од даб или орев е совршен избор за Вашиот дом

Sfera трпезариска маса од даб со заоблени рабови и модерен дизајн

Во светот на внатрешното уредување, дрвото доживува големо враќање – но ова не е класичното дрво што сите го знаеме. Денешните дизајнери сѐ почесто избираат природни материјали, но со современ израз. Токму таков е и новиот модел Sfera трпезариска маса која нуди нешто поинакво: рафиниран изглед, органски форми и топлина на дрво, сето тоа спакувано во модерен дизајн.

Трпезариска маса Sfera од орев – тренд што носи топлина во трпезаријата.

Маса Sfera – нова икона за модерниот ентериер

Моделот Sfera е целосно изработен од фурниран медијапан со висок квалитет, достапен во даб и орев, два материјали кои природно се вклопуваат со најновите трендови во ентериерите – особено со сѐ попопуларните дрвени ѕидни панели и кујнски елементи со текстура на дрво.

Она што ја издвојува трпезариската маса Sfera се нејзините заоблени рабови и скулпторални, асиметрични дрвени ногарки кои веднаш го привлекуваат вниманието. Наместо класични линии, тука имаме нешто што изгледа како уметничко дело – совршен баланс помеѓу естетика и функција.

Трпезариска маса Sfera од дрво даб – тренд што носи топлина во трпезаријата.

Комбинирајте ја Sfera со Alexis или Aurora – за комплетен изглед

Кога креирате хармонична трпезарија, изборот на столици е подеднакво важен како и изборот на маса. За љубителите на современ, но топол изглед, моделот Alexis е идеален избор. Иако е со метални ногарки, нејзиниот грб од фурниран даб или орев создава визуелна и материјална поврзаност со масата Sfera.

Од друга страна, ако претпочитате стол со целосно дрвена конструкција, столицата Aurora е одлична опција. Со дрвени ногарки и удобен седишен дел, таа природно се надоврзува на формата и текстурата на масата Sfera, создавајќи пријатен и топол амбиент за јадење.

Трпезариска маса Sfera од дрво даб – тренд што носи топлина во трпезаријата.

Клуб маса Sfera – малиот детал што го поврзува просторот

За оние кои сакаат ентериерот да биде поврзан во секој сегмент, ќе ве израдува веста дека постои и клуб маса Sfera со ист јазик на дизајн. Изработена од даб или орев, со истиот скулпторален израз како и трпезариската маса, таа е совршен избор за дневната соба. Со избор на иста нијанса и материјал, лесно можете да создадете визуелна кохезија низ целиот дом.

Клуб маса Сефра како надополнување на моделот трпезариска маса од дрво орев.

Зошто Sfera трпезариска маса е изборот за современиот дом?

  • ✔ Современ дизајн со органски форми
  • ✔ Достапна во даб и орев – материјали кои се тренд во ентериерот
  • ✔ Може да се комбинира со модели Alexis и Aurora
  • ✔ Постои и клуб маса Sfera за комплетирање на амбиентот
  • ✔ Целосно дрвена естетика со топлина и карактер

Трпезариска маса Sfera од дрво даб – тренд што носи топлина во трпезаријата.

Доколку барате трпезариска маса која нема да биде само функционална, туку и дизајнерско парче што ќе го обележи вашиот дом, Sfera е вистинскиот избор. Комбинирајте ја со вистинските столици и деталите од дрво – и добивате простор кој е модерен, но и топол, елегантен, но и практичен.

КОШНИЦА 0