Опис
Современ дизајн, природни материјали и исклучителна издржливост – масичките Torio се совршен избор за сите кои сакаат функционален мебел со стил.
Изработени со кружна плотна од Laminam – врвна керамичка површина со изглед на мермер, овие масички се отпорни на гребење, влага, топлина и хемикалии. Тоа ги прави идеални не само за домашна употреба, туку и за простори кои бараат повисока отпорност, како што се угостителски објекти или јавни простори. Плотната се одликува со елегантен сјај и природни дезени, а на клиентот му е овозможено да избере дезен според сопствениот вкус од нашата понуда на Laminam.
Ногарките се изработени од масивно дрво даб, поставени во три стабилни точки за визуелна леснотија и стабилност. И тука постои можност за избор на боја на дрвото, што овозможува прилагодување на масичките на различни ентериери – од модерен минимализам до скандинавска топлина или класична елеганција.
Моделот Torio е достапен во две големини:
- Φ80 см (висока масичка) висина 43 cm.
- Φ60 см (ниска масичка која лесно се вметнува под поголемата) висина 40 cm.
Ознаки: даб, дрвена маса, клуб маса, маса









