Изборот на вистински трепезариски сет е повеќе од комбинација на маса и столици – тоа е клучен чекор кон создавање пријатна атмосфера во домот. Без разлика дали сакате топлина, минимализам или контраст, вистинскиот спој на материјали и форми ќе го претвори просторот во функционална и естетска целина.
Во продолжение ви претставуваме 5 трпезариски сета од нашата понуда кои изгледаат феноменално и кои лесно ќе се вклопат во различни ентериери. Сетови што комбинираат материјали, текстури и форми – и сè тоа со квалитетна изработка во Македонија.
1. Масивна естетика: комбинација од маса Sfera од орев + столици Alexis со фурниран грб
Оваа комбинација е класика со душа. Масата Sfera е изработена од фурниран медијапан во финиш од топол орев, со уникатни скулпторални ногарки што го привлекуваат вниманието без да доминираат. Нејзината форма и структура внесуваат топлина и мекост во просторот.
Комбинирана со столиците Alexis, чии грбови се обложени со природен фурнир од орев, а седиштето е тапацирано со мебел штоф по избор – ова е сет за трпезарија кој изгледа луксузно, но е топол и гостопримлив.
Совршено за: простори со дрвени елементи, ентериери во природни тонови, или за оние што сакаат дизајн со карактер.
2. Контраст со карактер: комбинација од Cassini маса и столици Aurora
Ако сте љубител на контрасти и комбинирање на различни материјали, ова е вистинскиот сет за вас. Cassini е маса со плотна од орев MDF и црни метални ногарки, што ѝ дава индустриски, но софистициран изглед. Црната основа додава стабилност и визуелна тежина, додека топлината на оревот создава баланс.
Нејзината сериозност е убаво избалансирана со столиците Aurora – со букови ногарки и светло крем тапацир, тие внесуваат свежина, мекост и женственост во просторот.
Совршено за: ентериери со модерна или скандинавска естетика, каде што сакате контраст без грубост.

3. Елеганција со функција: маса Hugo со Laminam и столици Asya
Во овој сет, материјалите ја носат приказната. Масата Hugo има Laminam плотна – иновативен керамички материјал кој е тенок, отпорен на гребење, топлина и дамки. Идеален за семејства, но и за сите кои сакаат функционалност без компромис на стилот.
Со неа одлично се вклопуваат столиците Asya, кои доаѓаат со и без раконаслон, во истиот дизајнерски јазик. Тие се тапацирани и ергономски, нудејќи удобност дури и при долго седење.
Совршено за: современи ентериери, отворени кујни и трпезарии, каде што се бара стилска елеганција со практичност.
4. Заоблен шарм: кружна маса Sirius и столици Chloe
Sirius е кружна трпезариска маса со даб фурнир, достапна со или без продолжеток, што ја прави флексибилна за различни големини на семејства. Нејзината форма поттикнува разговор и интимност, идеална за семејни ручеци или вечери со пријатели.
Chloe столиците се со метални ногарки и тапацирани со мебел штоф велвет во нијанса по избор. Нивната заоблена форма и мекост нудат одлична поддршка и создаваат пријатна, лежерна атмосфера.
Совршено за: урбани станови, помали трпезарии, или за љубители на кружна комуникација околу маса.

Минимализам со топлина: кружна маса Polaris и столици Oasis
Ова е идеален трпезариски сет за мали простории. Polaris е мала кружна маса од даб, со опција за фиксна верзија или продолжеток (+35 cm). Компактна, но стабилна, таа нуди топол, минималистички изглед.
Комбинирана со столиците Oasis, кои имаат грб од фурниран даб и удобен, мек тапацир – добивате сет кој изгледа стилски, но не наметливо. Oasis има елегантна, органска линија што се вклопува и во традиционални и во модерни ентериери.
Совршено за: мали трпезарии, кујни со остров или делумни шанкови, минималистички ентериери.
Трпезаријата не мора да биде стандардна. Со внимателно избрана комбинација маса и столици, можете да создадете простор што ќе ве инспирира, ќе ве зближи и ќе изгледа одлично секој ден.


