* Free delivery for orders over $100.

Магазин

Барски столици во домот – тренд или практично решение?

Барски столици во домот – тренд или практично решение?

Барски столици во домот сè почесто стануваат избор на модерните семејства. Тие не само што додаваат стил, туку овозможуваат и практична употреба, особено кај кујнските острови и open-space просториите.

Благодарение на својот визуелен ефект и практичноста што ја нудат, барските столици стануваат важен елемент во современиот дизајн на кујни, трпезарии и open space дневни простории.

Барски столици Алексис со метални ногарки и мебел штоф во сиво и минт букле.

Во Mahagoni Furniture нудиме широка палета на барски столици со модерна и елегантна естетика, прилагодени и за дом и за угостителство. Нашите модели – Алексис, Моли, Амели, Клои и Наоми – се меѓу најбараните токму поради тоа што ги комбинираат удобноста, квалитетот и можноста за целосна персонализација.

Барска колекција на столици со метални ногарки на Mahagoni Furniture.

Метални ногарки во боја по ваш избор

Сите наши барски столици се со метална конструкција, која нуди стабилност и долготрајност дури и при интензивна употреба. Можете да изберете една од 10 внимателно селектирани нијанси за металот, што овозможува лесно вклопување во различни ентериери – од индустриски до скандинавски стил.

Барски столици Амели со црни метални норки и мебел штоф во минт и зелено за кафе бар.

Тапацирано седло и грб за максимална удобност

Барската столица треба да биде подеднакво комфорна како и секоја трпезариска. Затоа сите наши модели доаѓаат со тапацирано седло и грб, со избор на мебел штоф според вкусот на клиентот – од неутрални тонови до смели велвет текстури.

Барска столица Моли со фурнир од орев и еко кожа во спортки бар.

Комплетирајте го изгледот со трпезариски столици од ист модел

За оние кои сакаат визуелна кохезија во просторот, сите споменати модели се достапни и како трапезариски столици. Тоа значи дека можете да добиете барска и трпезариска верзија од истата столица, што е совршено за простории каде кујната, трпезаријата и дневната се отворен простор.

Трпезариска и абарска столица во ист мебел штоф и фурнир од даб, за ентериер на кафе бар.

Дизајнирани и за угостителство

Покрај за домашна употреба, нашите барски столици се идеални и за угостителски објекти – кафулиња, ресторани, wine bar ентериери или хотелски простории. Имаме реализирано бројни проекти низ Македонија, каде нашите столици веќе се дел од секојдневното искуство на гостите.

Два типа на барски столици со црни метални ногарки и зелена еко кожа, како дел од ентериерот на спортски бар.

Квалитет кој се гледа и се чувствува

Секој модел што го нудиме е направен со внимание на деталите – металната конструкција е издржлива, тапацирот е од проверени добавувачи, а дизајнот е современ и префинет. Токму затоа нашите барски столици се избор на многу архитекти, дизајнери и крајни клиенти.

Предности на барски столици во домот

Уштеда на простор: Совршени за мали кујни и станови, бидејќи не заземаат многу простор и можат да се складираат под кујнскиот остров.
Мултифункционалност: Може да се користат како столици за кујна, мини бар, работен простор или дури и како дополнителни места за гости.
Модерен дизајн: Постојат модели во букле, штоф, кожа или дрво – совршено за секој стил, од индустриски до скандинавски.
Лесно одржување: Најчесто се со метална или дрвена конструкција што лесно се чисти и е издржлива.

Недостатоци кои треба да ги земете предвид

Неудобност при долго седење: Не сите модели имаат наслони за раце или грб, што може да биде заморно при подолго седење, но токму затоа нашите модели се разликуваат од другите барски столици на пазарот.
Висина и стабилност: Потребно е да се одбере соодветна висина според кујнскиот остров и да се провери стабилноста – особено ако има деца во домаќинството.
Поголема цена кај дизајнерски модели: Квалитетните столици од дрво и мебел штоф може да бидат поскапи, но инвестицијата се исплатува на долг рок.

Како да изберете барски столици за вашиот дом?

При избор, водете се според следниве фактори:

  • Висина на кујнскиот остров (стандардно е 90–95 cm)

  • Дизајн на ентериерот (модерен, ретро, индустриски…)

  • Материјал (дрво, метал, тапацир)

  • Удобност (наслон, потпирач за нозе, ротирачки механизам)

Во Mahagoni ќе најдете широка палета модели – од луксузни барски столици со минт букле, до практични столици со метална конструкција и штоф во неутрални тонови.

КОШНИЦА 0