* Free delivery for orders over $100.

Магазин

Столици со дрвени или метални ногарки?

Дали да изберете трпезариски столици со метални или со дрвени ногарки.

     Изборот на трпезариски столици звучи едноставно, но секогаш крие повеќе од тоа што се гледа на прв поглед. Материјалот од кој е изработена столицата не е само детал – тоа е суштински избор што го одредува карактерот на просторот, атмосферата околу масата и дури и трајноста на мебелот. Најчесто дилемата паѓа на две опции: дрвени ногарки или метални ногарки. И двете имаат предности, но едната е подобра во одредени ситуации, другата во други.

Комбинација на трпезариски столици со метални ногарки со маса од дрво орев.

Кога да изберете дрвени ногарки?

Дрвените ногарки се безвременски класик. Дрвото внесува топлина и природен шарм, правејќи ја трпезаријата пријатна и елегантна. Особено ако е изработено од даб или орев, материјали кои се меѓу најтренди изборите во ентериерот денес.

Совети:

Ако трпезариската маса има дрвени ногарки во боја на дрво, тогаш најубаво изгледаат столици со дрвени ногарки – пример: Aurora или Francesca.

Дрвените ногарки се совршени за скандинавски стил, модерна класика или топол семеен ентериер.

Внимавајте да не комбинирате премногу различни бои на дрво – тоа може да изгледа невкусно и хаотично. Подобро е да се држите до еден тон (даб, орев) и да го нагласите со текстилот на столицата.

Комбинација на маса од дрво даб со трпезариски столици со даб ногарки и светло крем мебел штоф.

Кога да изберете метални ногарки?

Металните ногарки носат динамика, модерен изглед и минимализам. Со чисти линии и цврста конструкција, тие се идеални за ентериери во урбан, индустриски или современ стил.

Совети:

Ако масата има метални ногарки, тогаш и столиците со метални ногарки изгледаат најхармонично.

Сепак, одлично се комбинираат и дрвени ногарки во црна боја – бидејќи црното е универзално и лесно се вклопува со останатите елементи на декорација.

Металот е особено добар избор кога во ентериерот има повеќе различни бои на дрво – во таков случај металот создава баланс и изгледа поуредено.

Мала кружна маса со плотна даб и црни метални ногарки со трпезариски столици со метални ногарки.

Комбинација од дрво и метал – најдобро од двата света

Не мора да бирате строго едното или другото. Денешниот тренд е токму комбинацијата: металната конструкција носи стабилност и модерен карактер, додека дрвото дава топлина и природност. Вакви решенија лесно ја претвораат трпезаријата во стилско, но и удобно место за уживање.

Дополнителен плус: металните ногарки може да се фарбаат во различни нијанси и да се приближат до изгледот на дрво или да создадат силен контраст.

Комбинација на мала кружна маса со опција за продилжување од даб натур, во комбинација со трпезариски столици со метални ногарки но во златна боја која одговара со даб.

На крај, изборот зависи од вашиот стил и каква атмосфера сакате да создадете.

  • Дрвените ногарки се за топлина, природност и семејна атмосфера.
  • Металните ногарки се за динамика, современ ритам и индустриски карактер.
  • Комбинацијата е за оние што сакаат баланс меѓу класика и модерно.

Без разлика на изборот, клучот е да ги комбинирате столиците со масата и целиот ентериер – и тогаш трпезаријата секогаш ќе изгледа стилски и уредено.

Комбинација на мала кружна маса о црни дрвени ногарки и орев плотна, со столици со црни метални ногарки и фурнир од орев во грбот.

КОШНИЦА 0