* Free delivery for orders over $100.

Магазин

Совети за минималистичка трпезарија

Трпезаријата е од големо значење за секој дом, бидејќи е просторија каде ги поминувате заедничките мигови со Вашите најблиски. Новите трендови и новиот начин на живот кој се води по мотото „ Помалку е повеќе “ доведоа до чисти, едноставни и складни ентериери. Минималистичката естетика е застапена и во трпезаријата, каде се повеќе се практикува скандинавското уредување со чисти монохроматски тонови во комбинација со дрво и природни материјали.

        1. Монохроматски тонови

Белата боја преовладува во сите минималистички простории, па така и во трпезаријата, каде е симбол за чистина и едноставност. Доколку сте несигурни со боите, започнете со комбинација на бела, црна и сива боја. Бои кои меѓусебно се складни и формираат мирна и елегантна атмосфера. Може подоцна да внесте принтови или пастелни бои кои ќе го внесат скандинавскиот дух во трпезаријата.

 

                                            Столица  Ноа

        2. Столици со елегантен и едноставен дизајн

Не секогаш е изводливо да се промени целиот мебел за да се постигне саканиот резултат во ентериерот. За промена на изгледот на собата не треба да се промени целиот мебел, доволно е да се променат столовите, кои покрај функционоста се и декоративен елемент во трпезаријата. Минималистичка столица е едноставна, без изразени детали изработена од издржливи материјали и секако удобна. Сепак удобноста е најважна додека уживаме во омиленото јадење!

 

       3.Материјали за минималистичка трпезарија

Поради монохроматските тоновите кои се користат во минималистички ентериери особено е важно да се користат природни материјали кои ќе внесат топлина. Како и секој стил, така и минимализмот претрпел повеќе варијации низ времето, од ладни ентериери, па се до денеска каде важи за стил кој дава топла и удобна атмосфера, поради што и наоѓа примена речиси во секој дом. Благодарение на материјалите како што се дрво, кожа и мат нијанси, минимализмот е одлично решение и за угостителски ентериери, каде што ќе ја почувствуваме удобноста и ќе сакаме да останеме што подолго.

Трпезариска маса Ригел

КОШНИЦА 0