Букле – Нов тренд за тапациран мебел

Сигурно сте го забележале новиот тренд за трпезариски столици, модерни софи и фотељи кој ги преплави социјалните мрежи – Тапациран мебел во штоф Букле!

Букле е впечатлив материјал по својата богата текстура, која дава нова естетска димензија на секоја столица или гарнитура, која веројатно би изгледала неприметно во друг штоф. Иако во 70-тите се користеле појаки бои,  денеска букле е најпопуларно во природна бела или крем нијанса, што може да приметиме по модерните домови на многу блогери и нови колекции на производители на мебел. Неутралните, минималистички ентериери бараат одредена разновидност во текстурите, букле нуди голем опсег на текстура, а сепак просторот ја задржува неутралната палета на бои.

Trpezariska stolica vo mebel stof bukle

Зборот Bouclé има француско потекло, што значи „завиткан“. Иако традиционално се прави од волна, букле може да се направи и од полиестер, лен, памук, свила и други материјали. Приказната за Bouclé како материјал за тапациран мебел зпочнува во 1948 год. кога американската архитектка Florence Knoll побарала фотеља за вистинско уживање. Како резултат на нејзино барање, индустрискиот дизајнер Eero Saarinen ја дизајнира познатата Womb Chair во Knoll’s Classic Bouclé. Подоцна, овој необичен текстил е истакнат во дизајните на облека од луксузната модна куќа Коко Шанел во текот на 1950-тите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NICOLE ZO (@nicole.emptyglass4ever)

Денеска материјалот Boucle е еден од најбараните материјали за секое парче на тапациран мебел, а неговата најпопуларна намена е како мебел штоф за модерни софи, елегантни трпезариски столици или фотељи. Луѓето бараат да ги претворат своите домови во удобно и безбедно засолниште од светот, а ткаенина слична на омилениот џемпер е совршен начин да го добиете тоа чувство од столовите во трпезарија или гарнитурата за седење.  Eкспертите за ткаенини велат: „Букле прави сè да изгледа и да се чувствува луксузно – дури и ако е едноставна столица, а вие плативте само 10 долари за тоа“.

Trpezariska stolica vo mebel stof bukle

Доколку сакате да создадете впечатлива и модерна трпезарија, Ви го препорачуваме нашиот нов мебел штоф – Акира. Изборот на боја останува на Вас, дали ќе се одлучите за класичен бел, крем букле или ќе се играте со стилови и ќе одберете несекојдневна нијанса за букле во темна нијанса.

Trpezariski stolica vo mebel stof bukle