* Free delivery for orders over $100.

Магазин

Јапанди – Новиот тренд во внатрешното уредување

Jапанди е баланс на јапонскиот минимализам и скандинавскиот дизајн. Денеска, Jапанди наоѓа голема примена како во објектите за домување, така и во комерцијални простори. Јапонските елементи внесуваат топлина во ладниот скандинавски ентериер, а скандинавските елементи создаваат контраст заедно со јапанскиот дизајн. Главни карактеристики на Јапанди стилот се: минимализам, функционалност и пастелни бои, кои предизвикуваат мир и спокојство. Во продолжение ви даваме неколку совети, кои ќе ви помогнат да го внесете овој стил во Вашиот дом.

  • Внесете ‘хиге’ во домот
    Ако сте запознаени со скандинавскиот дизајн, тогаш сигурно сте слушнале за концептот на хиге, кој се однесува на удобност и топлина во еден простор. Истиот пристап го има и Јапанди, а може да се постигне со едноставни елементи, како што се употреба на свеќи, природна светлина, книги, перниции.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Japandi interior (@japandi.interior)

  • Бидете претпазливи
    Во вистинскиот јапонски ентериер, секое парче има своја намена. Внимателно одбирајте го секој предмет кој го внесувате во просторот, не се трудите да го исполните просторoт со непотребни предмети. Ова важи како за малите предмети, така и за мебелот и уметнички дела. Јапонскиот концепт се однесува на наоѓање радост во едноставни работи.
  • Контраст
    Во Јапанди стилот внимателно се користат бои. Се употребуваат смели, контрастни бои, како црно – бел контраст во комбинација со кафеава, беж. При внесување на посветла нијанса, најдобро е да се комбинира со неутрални бои, во комбинација со други бои.

  • Внесете ја природата во ентериерот
    Дрво, растенија и природна светлина се дел од Јапанди стилот. Други природни елементи, кои може да се сретнат се каменот – вклучувајќи го и мермерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Japandi interior (@japandi.interior)

  • Комбинација на мебел
    Јапонскиот и скандинавски мебел, имаат доста сличности, но и работи кои ги издвојуваат. За Јапанди стил потребно е да ги комбинирате прави линии и светли бои од скандинавските парчиња и традиционални и темни бои на јапонските парчиња. Како и секогаш, стремете се кон создавање баланс, комбинација на мебел која ги спојува двата стила заедно на начин кој има смисла.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Japandi (@japandi_design)

  • Функционалност на просторот
    Во јапонскиот дизајн постои тенденција кон дизајн ‘ без пречки ‘ и е една од примарните карактеристки на секој минималистички ентериер. Особено се внимава на квалитетот и функционалноста, одбирајќи квалитетни и дизајнерски парчиња мебел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Japandi interior (@japandi.interior)

КОШНИЦА 0