Mahagoni, Author at Mahagoni Furniture - Chairs and Tables https://www.mahagoni.mk/author/sandra/ Quality matters. Sun, 06 Oct 2024 17:19:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.2 https://www.mahagoni.mk/wp-content/uploads/2023/12/cropped-mahagoni-icon-32x32.png Mahagoni, Author at Mahagoni Furniture - Chairs and Tables https://www.mahagoni.mk/author/sandra/ 32 32 7 совети за уредување на мал простор https://www.mahagoni.mk/7-soveti-ureduvanje-mal-prostor/ Thu, 30 Jun 2022 09:24:30 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=7223 Уредувањето на мали ентериери е голем предизвик. Мали простори може да се уредат еднакво функционално како и поголемите, со добра организација и користење на функционален мебел. Без разлика дали се работи за гарсоњера или за преуредување на една соба од домот, сепак може да внесете стил и удобност, без да […]

The post 7 совети за уредување на мал простор appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Уредувањето на мали ентериери е голем предизвик. Мали простори може да се уредат еднакво функционално како и поголемите, со добра организација и користење на функционален мебел. Без разлика дали се работи за гарсоњера или за преуредување на една соба од домот, сепак може да внесете стил и удобност, без да влијаете на функционалноста. Доколку имате мал простор и сакате да направите промена, прочитајте некои наши совети кои ќе ви помогнат во тоа.

 

        1. Изберете функционален мебел

Изберете практични решенија за Вашиот дом, како што е трпезариска маса со продолжеток и гарнитура со простор за одлагање. Без разлика дали ќе се решите за кружна трпезариска маса, квадратна или правоаголна изберете маса со помали димензии и со опција за продолжеток, кој ќе го користите само по потреба, а притоа нема да влијае на просторот. Во малите простории секое парче на мебел треба да се искористи максимално и да има своја намена.

  2.  Користете материјали кои рефлектираат

Доколку се одлучите за мебел со висок сјај или сјајни плочки ќе имате ист ефект како и со огледала, бидејќи се рефлектира светлината и се добива визуелно поголем простор. Доколку имате мат површини, може да користите огледала.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sara | interior (@saratornblad)

  3. Пастелни бои на ѕидови

Кога станува збор за ѕидови во мали простории, држете се до светли пастелни нијанси. Доколку белата боја не е Вашиот избор, секогаш имате опција да одберете сива или кафеава во светли нијанси. Може да додадете и некој дел со дезенирани тапети кои ќе влијаат на визуелно зголемување на просторот.

Pastelni boi za zidovi

4. Удобноста да биде приоритет

Иако се работи за мал простор, тоа не значи дека комфортот треба да е на пониско ниво. Секогаш имајте на ум, дека е подобро да одберете некое поголемо и поскапо парче на мебел кое е практично и удобно, а да го поштедите просторот од некои ситници кои заземаат простор. Бидете храбри во овие одлуки.

Agolna garnitura

5. Добро поделен простор

На прв поглед, концептот на отворена кујна и трпезарија може да делува како одлична одлука во мали станови, но со текот на време ќе се уверите во спротивното. Отворена кујна и трпезарија може да делува хаотично и неуредно во мал простор. Пред да почнете со уредувањето, најпрвин дефинирајте ги добро просториите во домот.

6. Искористите ги неискористените делови од домот

Со текот на времето малите станови може да делуваат монотоно, затоа е особено важно да ги искористиме „ мртвите ѕидови“ и покрај функционалноста, да создадете уникатни и интересни дизајни. Најчесто во горните делови на ѕидовите има неискористен простор, кој може да се искористи за полици, или други предмети кои ќе внесат топлина во домот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophie Lloyd (@sophielloydpro)

7. Мебел по мерка 

Во некои парчиња на мебел, може да се вклопат и повеќе од една функција, а тоа најдобро го знаат производителите на мебел по мерка. Поради тоа, најдобро е да ги прашате за совет, бидејќи може да ви помогнат со импресивни решенија, особено кога станува збор за кујна.

 

 

The post 7 совети за уредување на мал простор appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Како да изберете идеална трпезариска маса? https://www.mahagoni.mk/kako-da-izberete-idealna-trpezariska-masa/ Tue, 10 May 2022 11:45:07 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=7127 Избор на трпезариска маса е еден од клучните елементи за дизајнирање на трпезарија која е најчесто главна точка во домот. Пред да купите трпезариска масa размислeте за обликот, материјалот и димензијата која најдобро би се вклопила во просторот наменет за трпезарија. Најпрвин треба да се направи анализа на просторот каде […]

The post Како да изберете идеална трпезариска маса? appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Избор на трпезариска маса е еден од клучните елементи за дизајнирање на трпезарија која е најчесто главна точка во домот. Пред да купите трпезариска масa размислeте за обликот, материјалот и димензијата која најдобро би се вклопила во просторот наменет за трпезарија.

Најпрвин треба да се направи анализа на просторот каде ќе се смести трпезариска маса. Клучна улога има димензија на масата, која влијае на тоа дали просторот ќе изгледа празен или ќе биде пренатрупан. Во иделни услови просторот од ѕидот или гарнитурата до трпезариската маса би требало да биде 80 см. која е оптимална димензија за слободно движење низ просторот.

Kruzna trpezariska masa so metalni nogari

Во зависност од стилот на целиот ентериер, одберете трпезариска маса која ќе се вклопи и формира целина. Без разлика, дали се работи за рустичен, модерен или скандинавски стил.

Доколку се работи за помал простор, најдобро би било да изберете квадратна трпезариска маса со димензии 90/90 см. 100/100 см. или правоаголна маса со димензија 120/90 см. а ако има опција за продолжување би било уште попрактично решение.  Доколку сакате да одите на кружна трпезариска маса, тогаш може да изберете опција со дијаметар од 90 до 110 см. каде би можело да собере од 4 до 5 столици.

Kruzna masa so trpezariski stolici

Доколку имате голем простор наменет за трпезарија, тогаш може слободно да изберете правоаголна маса со димензија 160см или 180 см. која би била идеален избор за шест луѓе. Речиси сите наши модели на трпезариски маси имаат опција за продолжеток од 50 см. при што ќе може по потреба да соберете од 8 до 10 луѓе на маса.

Изборот за материјал на трпезариска маса е особено важен ако сакате парче мебел кое ќе го користите со години. Во зависност од стилот може да се одлучите за целосно дрвена маса или трпезариска маса со метал. Ако се одлучите за трпезариска маса од дрво, тогаш бука, даб или орев е совршен избор за таа намена, поради нивните својства, текстура и издржливост. Доколку не ви одговараат природните нијанси на дрво, има опција за бајцување за да се добие нијанса која ќе одговара со целокупниот мебел. Ако целиот ентериер во домот ви е направен во модерен, индустриски стил може да се одлучите за комбинација на маса со дрво и метални ногари.

Trpezariska masa od orev

Сигурно решение за да комплетирате една трпезарија е да купите трпезариски сет, но како се менуваат трендовите денеска комбинирање на столици и маса кои не се од исти стилови или бои е се повеќе популарно.

Изборот останува на Вас, а во продолжение може да ги погледнете нашите комбинации на трпезариски маси и столици.

 

 

The post Како да изберете идеална трпезариска маса? appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Букле – Нов тренд за тапациран мебел https://www.mahagoni.mk/bukle-nov-trend-za-tapaciran-mebel/ Tue, 26 Apr 2022 09:41:54 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=7114 Сигурно сте го забележале новиот тренд за трпезариски столици, модерни софи и фотељи кој ги преплави социјалните мрежи – Тапациран мебел во штоф Букле! Букле е впечатлив материјал по својата богата текстура, која дава нова естетска димензија на секоја столица или гарнитура, која веројатно би изгледала неприметно во друг штоф. […]

The post Букле – Нов тренд за тапациран мебел appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Сигурно сте го забележале новиот тренд за трпезариски столици, модерни софи и фотељи кој ги преплави социјалните мрежи – Тапациран мебел во штоф Букле!

Букле е впечатлив материјал по својата богата текстура, која дава нова естетска димензија на секоја столица или гарнитура, која веројатно би изгледала неприметно во друг штоф. Иако во 70-тите се користеле појаки бои,  денеска букле е најпопуларно во природна бела или крем нијанса, што може да приметиме по модерните домови на многу блогери и нови колекции на производители на мебел. Неутралните, минималистички ентериери бараат одредена разновидност во текстурите, букле нуди голем опсег на текстура, а сепак просторот ја задржува неутралната палета на бои.

Trpezariska stolica vo mebel stof bukle

Зборот Bouclé има француско потекло, што значи „завиткан“. Иако традиционално се прави од волна, букле може да се направи и од полиестер, лен, памук, свила и други материјали. Приказната за Bouclé како материјал за тапациран мебел зпочнува во 1948 год. кога американската архитектка Florence Knoll побарала фотеља за вистинско уживање. Како резултат на нејзино барање, индустрискиот дизајнер Eero Saarinen ја дизајнира познатата Womb Chair во Knoll’s Classic Bouclé. Подоцна, овој необичен текстил е истакнат во дизајните на облека од луксузната модна куќа Коко Шанел во текот на 1950-тите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NICOLE ZO (@nicole.emptyglass4ever)

Денеска материјалот Boucle е еден од најбараните материјали за секое парче на тапациран мебел, а неговата најпопуларна намена е како мебел штоф за модерни софи, елегантни трпезариски столици или фотељи. Луѓето бараат да ги претворат своите домови во удобно и безбедно засолниште од светот, а ткаенина слична на омилениот џемпер е совршен начин да го добиете тоа чувство од столовите во трпезарија или гарнитурата за седење.  Eкспертите за ткаенини велат: „Букле прави сè да изгледа и да се чувствува луксузно – дури и ако е едноставна столица, а вие плативте само 10 долари за тоа“.

Trpezariska stolica vo mebel stof bukle

Доколку сакате да создадете впечатлива и модерна трпезарија, Ви го препорачуваме нашиот нов мебел штоф – Акира. Изборот на боја останува на Вас, дали ќе се одлучите за класичен бел, крем букле или ќе се играте со стилови и ќе одберете несекојдневна нијанса за букле во темна нијанса.

Trpezariski stolica vo mebel stof bukle

The post Букле – Нов тренд за тапациран мебел appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Се што треба да знаете за волнените килими https://www.mahagoni.mk/se-sto-treba-da-znaete-volneni-kilimi/ Tue, 01 Mar 2022 07:46:00 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=6639 Волната е вистинско чудо од природата. Таа ги штити овците од најразлични временски услови и ја регулира температурата во нивното тело. Со нивно шишање се добива материјал – волна, при што животните не трпат никаква болка, а овците природно создаваат ново и здраво влакно. Како ексклузивни застапници на данскиот бренд […]

The post Се што треба да знаете за волнените килими appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Волната е вистинско чудо од природата. Таа ги штити овците од најразлични временски услови и ја регулира температурата во нивното тело. Со нивно шишање се добива материјал – волна, при што животните не трпат никаква болка, а овците природно создаваат ново и здраво влакно.

Како ексклузивни застапници на данскиот бренд Linie Design, имаме голем избор на волнени килими со уникатни скандинавски дизајн. Linie Design e данска компанија, основана во 1980 година и за кратко време станува препознатлив бренд за рачно изработени килими во Северна Европа. Секој килим е дизјаниран од познати дански дизајнери, кои ја спојуваат традицијата и скандинавскиот дизајн.

Volneni Kilimi so skandinavski dizajn

Килим Regatta Ochre/Black 

Зошто да изберете волнен килим за Вашиот дом?

1. Се користат со генерации

Волната како природен материјал е био разградлива и е вистински пријател на нашата земја. Квалитетни се, траат со генерации и е исклучително издржлива подна подлога.

 

Волнен килим

 

2. Природен филтер

Волната делува како природен филтер, ја регулира влагата во воздухот и апсорбира загадувачи во просторот. Ова се должи на џабовите во волнени влакна, кои ја апсорбираат прашината од воздухот. Доколку го поставите килимот на директна сончева светлина, УВ зраците ќе ги уништат бактериите, при што нема потреба од додатни хемиски третмани.

 

 

3. Идеални за мали деца

Волнените теписи имаат и природно стегање и се идеални за семејства со мали деца, бидејќи се ублажува падот.

Volnen Tepih so crno bel dizajn

Килим Nyoko White 

4. Огноотпорност

Волната е природно отпорна на оган, бидејќи составот на влакното бара повеќе кислород за да го одржи пламенот. Што значи, ако ви падне жар од цигара на тепих, волната ќе го спречи ширењето и разгорувањето на жарот.

Волнен беж килим

Килим Charles Beige

 

5.  Топлотни изолатори

Волната како природен материјал, ја задржува топлината и е одлична инвестиција.

 

Начин на одржување

Волнените килими може нормално да се користат и одржуваат, како и теписите од синтетички материјали. Единствено треба да внимавате на дамките кои се од органско потекло, бидејќи може да дојде до фарбање на влакното од тепихот. За перење би било најдобро да ги однесете на сервис кај професионалци и да не користите агресивни средства за чистење. Волната има способност да се “ чисти сама „ така што површинскиот слој се менува при одење, а дамките кои не се навлезени подлабоко исчезнуваат, како еден вид на пилинг. Благодарение на влакното ланолин, волната е поотпорна на дамки и не им е потребно често чистење.

Волнен-тепих-махагони

 

Килим Asko Mixed 

 

 Volnen Kilim Fenja

Волнен Килим Fenja

 

Crn Volnen Kilim

Волнен Килим Burano

 

 

Volnen Tepih Ajo

Волнен Килим Ajo

The post Се што треба да знаете за волнените килими appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
7 Практични совети за уредување https://www.mahagoni.mk/7-soveti-za-ureduvanje/ Wed, 23 Feb 2022 13:44:56 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=6618 Трендовите во уредувањето се менуваат, но постојат правила кои треба да се следат без разлика кој тренд е актуелен. Овие 7 правила ќе ви помогнат да го направите Вашиот простор функционален и пријатен.  1. Гледајте ја широката слика Сигурно барем еднаш ви се има случено да купите парче гардероба кое […]

The post 7 Практични совети за уредување appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Трендовите во уредувањето се менуваат, но постојат правила кои треба да се следат без разлика кој тренд е актуелен. Овие 7 правила ќе ви помогнат да го направите Вашиот простор функционален и пријатен.

 1. Гледајте ја широката слика

Сигурно барем еднаш ви се има случено да купите парче гардероба кое премногу ви се допаѓа, а подоцна да нема со што да го комбинирате. Истото може да се случи и со импулсивно и непланирано купување на мебел или докорација за домот. Затоа кога ќе видите нешто што многу ви се допаѓа запрашајте се: каде ќе биде сместен, дали воопшто ви е потребен и дали ќе се вклопи со останатиот мебел. Со ваквиот пристап ќе заштедите пари и време изгубено во погрешни одлуки.

2. Однос на цена и квалитет

Познатата изрека “Не сум доволно богат за дa купувам ефтини работи„ е во голем дел вистина кога се работи за мебел и апарати во домаќинство. Ако е нешто скапо тоа не значи дека е добро, но за жал или пак среќа, цената најчесто е најдобар показател на квалитет и трајност. Ограничениот буџет е најчест проблем, затоа најдобро е прво да се дефинираат приоритетите. На врвот на приоритетите со сигурност треба да бидат кујната, гарнитурата за седење, трпезаријата и гардероберите, затоа што штедејќи на овој тип на мебел не е заштеда, лошиот квалитет ќе ве натера брзо да купите нов. Останатите детали може постепено да се надоградуваат.

3. Дефинирајте го стилот на уредување

Недостиг на самоувереност води до неодлучност, кое резултира со скромен избор како во животот така и во уредување на животен простор. Затоа е важно да го дефинирате Вашиот стил и да го уредите домот во стил во кој уживате. Дали се држите до неутралните или носите смели, светли бои? Дали сте минималист или максималист? Погледнете ги боите, дезените и материјалите во плакаот за да добиете подобра претстава за вашиот личен вкус.

Dnevna soba so agolna garnitura

 

4. Внимателно изберете боја за ѕид

Каква боја ќе изберете за ѕидовите, ќе влијае на атмосферата во домот. Белата боја е секогаш сигурна опција за ѕидот, но не секогаш ја добива посакуваната топлина. Експертите советуваат бојата прво да се тестира на ѕидот на кој ќе се наоѓа, затоа што се менува зависно од текстурата на ѕидот и светлината во текот на денот.

5. Соодветни пропорции на мебел

„Два пати мери, еднаш сечи” уште една изрека која секогаш треба да ја имате на памет, кога го уредувате просторот. Тоа особено важи кога избирате мебел кој формира целина, како во случај трпезариски мебел. Доколку не купувате трпезариски сет, важно е да проверите дали пропорциите на различните парчиња мебел добро ќе се вклопат. На пример ако избирате винтиџ мебел, обратете внимание на димензиите затоа што се поразлични со стандардните димензии денеска.

Trpezariska masa i stolici

6. Доброто осветлување е императив

Добро осмислено и поставено осветлување е дел од секој убаво уреден ентериер. Ако за тоа мислите дека треба да издвоите вистинско богатство се лажете, доволно е само да се избегнуваат вообичаените грешки. Најчеста грешка е несоодветна висина на лустерот. Тоа е највидливо над трпезариска маса, со желба да се претвори во најистакнат детал се поставува премногу ниско и пречи. Лустерот треба да е поставен најмалку 80 см над трпезариската масата, но најправилно е да е според висината на просторијата, наоѓајки се на 2 метри од подот. Освен поставеноста, амбиенталното светло треба да се разликува од она кое ни е потребно за извршување на работните задачи. Со тоа топлината на светилки треба да биде идентична на различни светлосни тела зависно од нивната намена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Divine Design 📐 (@divine__design__)

7. Што навистина можете да изработите сами?

Pinterest и DIY блоговите многумина ги наведоа во преценување на своите уменија и потценување на сложеноста на различни постапки, што често води до катастрофални интервенции во домот. Доколку немате искуство во изработка на мебел, не пробувајте да го стекнете на мебел кој е од големо значење за Вас, на места каде поправката на истите би чинела скапо.

The post 7 Практични совети за уредување appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
5 грешки кои треба да се избегнуваат при отворени дневни зони https://www.mahagoni.mk/5-greski-pri-otvoreni-dnevni-zoni/ Thu, 10 Feb 2022 13:38:27 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=6457 Потрага по повеќе простор и светлина, рушејќи што е можно повеќе ѕидови е новиот тренд на современо живеење. Оттука, отворениот простор станува клучен фактор во новите eнтериери. Познати ни се големите домови каде кујната, трпезаријата и дневната соба беа одделни простории. Денеска овој тип на простор е карактеристичен повеќе за […]

The post 5 грешки кои треба да се избегнуваат при отворени дневни зони appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Потрага по повеќе простор и светлина, рушејќи што е можно повеќе ѕидови е новиот тренд на современо живеење. Оттука, отворениот простор станува клучен фактор во новите eнтериери.

Познати ни се големите домови каде кујната, трпезаријата и дневната соба беа одделни простории. Денеска овој тип на простор е карактеристичен повеќе за традиционални решенија на ентериери.

Повеќето медерни домови имаат отворен тип на дневен простор каде во една просторија се сместени дневна соба, кујна и трпезарија. Сепак за добра, функционална организација и квалитетно уреден простор потребна е вештина, а во продолжение прочитајте кои 5 грешки да ги избегнете: 

1.Несоодветно распределување на простор

За да биде функционално и визуелно соодветен дневниот простор од отворен тип, треба јасно да се прецезирани потцелините кои ги опфаќа. Иако се наоѓаат во една просторија, сепак кујната, трпезаријата и дневната соба имаат своја функција и поради тоа треба да се третираат како оделни простории, а сепак да формираат една хармонична визуелна целина. Тоа се постигнува со поединечни клучни елементи како килими, осветлување, сепаратори, форма на сид или полица со кои секоја функционална зона ќе се одели и означи како единствена целина.

 

2. Премногу различни стилови

Комбинирање на различни стилови во ентериер е она што дизајнерите го практикуваат, но доколку се претера може да доведе до хаотичен амбиент кои најлесно се забележува во отворен тип на дневна соба. Затоа, ако комбинирате кој и да било стил, деталите кои ќе се користат треба да бидат во иста тема и да преовладуваат низ целиот простор. На пример, ако користите црн метал во декорација, тогаш може рамките на слики да се црни како и осветлувањето да биде со црн метал. Доколку се користи бел медијапан во кујната и плочестиот мебел на дневна соба пожелно е да биде во ист тон, повржувајќи ги сите потцелини.

3. Лошо испланирано осветлување

Секоја потцелина во ваков тип на дневна соба треба да има самостојно осветлување, со кое ќе се оддели една од друга. За дневна соба и трпезарија најсоодветни се висечките лустери, кои истовремено ќе ја нагласат и одделат како потцелина. Во кујната приоритет е добра видливост, па тука плафонското осветлување е најсоодветно.

4. Непропорционален мебел

Соодветна пропорција на мебелот и просторијата во која се наоѓа е најважна. Кога се избира гарнитура за седење и трпезариски сет, нивната големина треба да е соодветна на квадратурата на просторот. Многу масивен мебел во мал простор визуелно ќе го затвори, но и ќе го ограничи движењето во просторот. Затоа големината на просторот и неговата конфигурација треба да се појдовна точка во одбирање на мебел.

5. Премногу или премалку различни материјали

Еден од предизвиците во уредување на отворени простории е комбинирањето на различни материјали, со цел да не се претера и да се добие шаренило во просторот, но да не се користи еден тип на материјали и да се добие монотон и едноличен амбиент. Доколку не сакате да се консултирате со дизајнери на ентериер или архитекти, може да направите mood-board каде ќе ги ставите сите материјали од дрво до штоф со цел подобро да си претставите дали тие меѓусебно се вклопуваат. Општа препорака е да не се користат помалку од три материјали а не повеќе од пет различни материјали и бои на истакнатите површини.

The post 5 грешки кои треба да се избегнуваат при отворени дневни зони appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Дрво или метал – кој е изборот за Вашата трпезарија? https://www.mahagoni.mk/drvo-metal-izbor-trpezarija/ Fri, 10 Dec 2021 13:22:54 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=6428 При избор на мебел за трпезарија, треба да внимаваме на повеќе работи. Почнувајќи од обликот на трпезаријата, за колку луѓе е наменета, колку често имаме гости – сите овие фактори влијаат врз изборот на трпезариски мебел. При купување на трпезариска маса и столици, првенствено треба да избереме мебел според нашата […]

The post Дрво или метал – кој е изборот за Вашата трпезарија? appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
При избор на мебел за трпезарија, треба да внимаваме на повеќе работи. Почнувајќи од обликот на трпезаријата, за колку луѓе е наменета, колку често имаме гости – сите овие фактори влијаат врз изборот на трпезариски мебел.

При купување на трпезариска маса и столици, првенствено треба да избереме мебел според нашата потреба, кои ќе бидат истовремено функционални и добро дизајнирани. Во современиот дизајн, како два основни материјали за трпезарискиот мебел се дрвото и металот.Ние имаме неколку совети кои се надеваме ќе ви помогнат при избор на материјал за трпезариски мебел соодветен на вашиот дом.

Дрво

Дрвото е основен материјал за речиси било кој тип на мебел. Низ историјата има голема примена во мебелната индустрија, а денеска дизајнерите го користат за создавање модерен мебел, кој особено е ценет во светот на дизајнот. Дрвото е квалитетен и издржлив материјал, кој внесува топлина и пријатна атмосфра во просторот. Меѓутоа дрвото како природен материјал има способност да се шири и собира при одредена влажност. Почувствително е на гребанатини, па затоа доколку вашата трпезарија е со голема феквенција на луѓе, дрвото може повеќе да се оштетува.

Трпезариска маса Вега  / Трпезариска столица Катја

Метал

Металот во трпезарискиот мебел почесто наоѓа примена за конструкција на маси отколку за плотната. Металните ногари за маса имаат одредени предности во однос на дрво. Бидејќи металот не е природен материјал, влажноста и температурите не влијаат врз него. Масите со метални ногари не се оштетуваат толку лесно како дрвото, па поради тоа доколку имате голема фреквенција на луѓе не треба да се грижите за оштетувањето. Во модерните ентериери, се почесто наидуваме на декоративни елементи кои може лесно да се повржат со металот од трпезаријата, како на пример црн или бронзен метал во осветлувањето, различни додатоци за на маса и слично. Во нашата програма, имаме 9 нијанси на метал, кои ќе може да ги комбинирате и да создадете ултра модерен ентериер.

Трпезариска маса Сириус /  Трпезариска Столица Зои со метални ногари 

Комбинација на дрво и метал

Комбинирајте метал со дрво за да создадете модерна, а сепак топла и пријатна атмосфера во просторт. Спој на метал и дрво во трпезарија е модерен тренд, особено кога е направен со вкус. Доколку изберете маса со црн метал, одлично би се вклопиле со трпезариски столици со црни дрвени ногари кои ќе го дополнително ќе го модернизираат просторот.

Трпезариска маса Касио /  Трпезариска Столица Аурора

The post Дрво или метал – кој е изборот за Вашата трпезарија? appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Дизајнерско Катче: AIG Engineering https://www.mahagoni.mk/dizajnerskokatce-aig/ Mon, 15 Nov 2021 12:54:07 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=6346 AIG Инжинеринг е биро за проектирање и студио за внатрешни уредување, лоцирано во Куманово, основано 2020 година од Андреј Митевски и Ива Митевска. Во продолжение можете да прочитате неколку совети за уредување, кои наши продукти најмногу ги користат во своите решенија, како и визуелни решенија на различни видови на простори. […]

The post Дизајнерско Катче: AIG Engineering appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
AIG Инжинеринг е биро за проектирање и студио за внатрешни уредување, лоцирано во Куманово, основано 2020 година од Андреј Митевски и Ива Митевска. Во продолжение можете да прочитате неколку совети за уредување, кои наши продукти најмногу ги користат во своите решенија, како и визуелни решенија на различни видови на простори.

„ Како познат македонски бренд за изработка на мебел, претпријатието Махагони во нивната долгогодишна работа има широк асортиман на производи од кои може да се направи одличен избор. Нивните модели често можат да послужат како инспирација за проекти за внатрешно уредување, а се изработени со висок квалитет и се секогаш во чекор со најновите трендови.

Производите од Махагони лесно се вклопуваат во секој стил на уредување што е многу важно за секој архитект. Кога при работа на проект за уредување имаме квалитетно парче мебел поставено како централна точка во просторот, понатаму е многу поедноставен целиот процес на избор на материјали и бои за една просторија.

Во нашите досегашни проекти имаме направено различни комбинации на маси и столици произведени од Махагони. Ќе наведам неколку производи од широкиот спектар кој го нудат. Производ  кој би го издвоиле е трпезариската маса Вега која е изработена од масивно дрво. Оваа маса претставува едно безвременско парче мебел кое може да се комбинира со повеќе типови на столици. Предност на овој модел на трпезариска маса е можноста за лесно извлекување на страните со што се добиваат соодветни димензии на маса со цел да го собере целото семејство.

Исто така, овој модел може да се комбинира со различни типови на столици во зависност од стиловите на уредувањето. Во нашите досегашни проекти сме правеле комбинации на трпезариската маса ВЕГА со моделите на столици ЕВЕЛИН И КАТЈА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AIG Engineering (@aig.engineering)

Во однос на столиците, во Махагони седлата на столиците се изработени од високо квалитетни материјали со голем избор на бои за секој вкус, а за ногарките на столиците може да се избере помеѓу дрво или метал што укажува на нивната лесна прилагодливост на различни стилови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AIG Engineering (@aig.engineering)

За проекти каде што имаме поголем простор за уредување секогаш ја предлагаме и барската колекција од Махагони која се состои неколку различни модели на барски столови и маси кои се идеални за модерни канцеларии, кафетерии или барови, или како составен дел на кујнскиот остров во кујната. Во овој дел би ја спомнале барската столица НАОМИ која е изработена од мебел штоф со минималистички изглед од која заедно со металните ногарки ја прави совршена за во секој дом.

Во широкиот асортиман на производи од дрво кои што го нудат Махагони имаат и мали клуб маси за дневната соба кои можат да се комбинираат со гарнитурата MICHELIN која ексклузивно може да се најде само во нивниот салон, како и со данските волнени килими од брендот LINIE DESIGN со што добиваме една целина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AIG Engineering (@aig.engineering)

Ако сте во дилема како да ги вклопите производите кои ги нуди Махагони, ова е еден од нашите предлози за комбинирање на материјали и бои кои моментално се во тренд.


Mood Board for mahagoni furniture

The post Дизајнерско Катче: AIG Engineering appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Дизајнерско Катче: TAU Design https://www.mahagoni.mk/dizajnersko-katce-tau-design/ Thu, 07 Oct 2021 11:23:42 +0000 https://www.mahagoni.mk/?p=5541     Како бренд кој има успешна соработка со дизајнери на ентериери и проектантски студиа, делот „ Дизајнерско Катче “ го посветуваме на нив, каде ќе прочитате нешто повеќе за уредувањето и кои модели се нивните фаворити.  Започнуваме со архитектката Сара Стефановска ( TAU Design ) која открива што и […]

The post Дизајнерско Катче: TAU Design appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
    Како бренд кој има успешна соработка со дизајнери на ентериери и проектантски студиа, делот „ Дизајнерско Катче “ го посветуваме на нив, каде ќе прочитате нешто повеќе за уредувањето и кои модели се нивните фаворити. 

Започнуваме со архитектката Сара Стефановска ( TAU Design ) која открива што и е важно при уредување, како и кои модели најчесто ги користи во своите проекти.

“ Секое парче мебел во себе носи посебна енергија, која што подоцна делува врз амбиенталните вибрации во ентериерот во кој ќе се најде. Производите со кои се среќаваме во салоните на Махагони несомнено имаат препознатлив изглед, со што меѓусебно наликуваат едни на други, па истото е голема предност и олеснување кога сте во потрага на совршена комбинација од повеќе парчиња мебел за во еден ист ентериер. Покрај многубројните штофови, бои и текстури со кои можам да постигнам каков дизајн и да замислам, сакам да го нагласам квалитетот и комфорот кој го нудат гарнитурите и столиците поради што истите ги комбинирам кога за моите клиенти барам удобност и елеганција во дневната соба и трпезаријата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TAU DESIGN (@taudsgn)

   Неретко во моите ентериери овие модели на столици ги избирам и за во детски соби, токму поради стабилноста, квалитетот и анатомијата на седење, клучни фактори на кои внимавам при дизајнирање за најмладите. Помалку познат фактор на кој се обрнува внимание е и тоа што сите знаеме дека децата се чувствуваат посебно кога прават исто што и возрасните, па поставувањето на ваков стол во детска соба е уште еден скриен мотив при создавање на индивидуалното и посебно чувство на дом. Голема одговорност претставува и дизајнирање на простор во кој ќе престојува бебе, па за побезбедна и похигиенска околина секогаш прв избор ми се волнените килими од данскиот бренд Linie Design, земајќи ја во предвид нивната способност да делуваат како природен филтер, а и секако отпорност на дамки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TAU DESIGN (@taudsgn)

 

 

Во однос на мебелот омилени ми се неминливите трпезариски столови Аурора, Бјанка и Клои -овие модели едноставно зрачат со одредена грациозност и елеганција, која секогаш преферирам да ја комбинирам со незаменливата топлина на ногари од масивно дрво како и дрвена трпезариска маса од орев, даб или бука. Поради внимателно дизајнираните седла и ракофати од столиците лесно се станува и се уште полесни за седнување, а пријатниот допир со материјалите само додатно го зголемува квалитетот на времето поминато во нив. Исто така скоро секоја трпезариска маса си има мала matching клуб масичка како уште еден момент од дневниот престој, со што се снабдувате со буквално сѐ на едно место и вашиот дом е спремен за мирни, удобни и комфорни генерации! Го бирам Махагони бидејќи сум во потрага по квалитетен и одржлив дизајн без рок на траење…

 

 

 

The post Дизајнерско Катче: TAU Design appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Секогаш во тренд : Земјени тонови https://www.mahagoni.mk/sekogas-vo-trend-zemjeni-tonovi/ https://www.mahagoni.mk/sekogas-vo-trend-zemjeni-tonovi/#respond Mon, 30 Aug 2021 11:42:09 +0000 http://mahagoni.cyberclients.website/?p=5214 Со наближување на есента, доаѓа и сезоната на останување дома, а потребата за удобност и смиреност се рефлектира уште повеќе во нашите ентериери.  Во фокус е текстура, како вештачка кожа, кадифе, дрво и останати природни материјали кои се во центарот на вниманието. Боите се природни и земјени, во нијанси на […]

The post Секогаш во тренд : Земјени тонови appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
Со наближување на есента, доаѓа и сезоната на останување дома, а потребата за удобност и смиреност се рефлектира уште повеќе во нашите ентериери.  Во фокус е текстура, како вештачка кожа, кадифе, дрво и останати природни материјали кои се во центарот на вниманието. Боите се природни и земјени, во нијанси на беж, кафеаво и сите складни и мирни тонови.

Stoli i Klub masa

Клуб Маса Сириус      /     Трпезариска столица Аурора

 

Земјените тонови даваат топла и пријатна атмосфера, а особено се препорачуваат во простори за домување. Погодни се за мали станови каде визуелно може да го зголемат просторот.

 

Trpezariski set

                                                Трпезариски стол Евелин   /   Трпезариска маса Сириус

 

The post Секогаш во тренд : Земјени тонови appeared first on Mahagoni Furniture - Chairs and Tables.

]]>
https://www.mahagoni.mk/sekogas-vo-trend-zemjeni-tonovi/feed/ 0